Лажни боледувања во „Тесла“ во Берлин – директорите лично ги проверувале вработените

Фабриката Тесла во близина на Берлин/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Остри реакции во германската јавност предизвика потегот на директорите во фабриката „Тесла“ во Берлин на компанијата на Илон Маск поради ненадејните посети на работодачите во домовите на работниците за да проверат дали се навистина болни или пак се шетаат наоколу додека се официјално на боледување.

Според „Тесла“, шефот на компанијата го направил овој потег бидејќи ветил дека ќе ги истражи високите стапки на отсуства на вработените.

Андре Тиеринг, менаџер на огромната фабрика на „Тесла“ на периферијата на Берлин, рече дека не е невообичаено директорите да се појавуваат во домовите на работниците.

„Сакавме да се повикаме на работната етика на работната сила“, изјави тој за германската агенција.

Одлуката за „упад“ на работодавачите во домовите на вработените кои отсуствуваат со образложение дека се болни веќе се спроведува.

Шефовите на „Тесла“ извршија ревизија на боледувањата на 30 вработени како дел од напорите за борба против големите отсуства.

Од своја страна, производителот на автомобили дал бонуси за персоналот кој редовно се појавува на работа.

Персоналот што бил на боледување во огромната фабрика во Берлин достигнал 17% во август, во споредба со просечната стапка на боледување во германската автомобилска индустрија (нешто повеќе од 5%).

Боледувањата се почести и во петок, објавија неколку директори на компанијата.

„Ова не е показател за лоши услови за работа бидејќи условите се исти во сите работни денови и во сите смени. Тоа сугерира дека германскиот социјален систем донекаде се експлоатира“, посочува менаџерот на огромната фабрика на „Тесла“ во предградието на Берлин.

Минатиот четврток, Тиеринг и директорот на персоналот Ерик Демлер им кажале на вработените дека ги посетиле домовите на болните вработени, пренесува германскиот весник Handelsblatt. Демлер дури пријавил дека им ѕвонел, а во некои случаи вработените им рекле дека ќе повикаат полиција.

ИГ Метал, германскиот синдикат на автомобилската индустрија, вели дека високата стапка на отсуства се должи на преоптовареноста на персоналот и работата во опасни услови. Покрај тоа, како што истакнува Телеграф, Маск е противник на синдикатите и „Тесла“ постојано се судира со ИГ Метал во Германија.

Мнозинството вработени неодамна гласале против назначувањето на претставници на синдикатот во работничкиот совет на фабриката на почетокот на оваа година, пишува Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот