Лавров: Западот да не се обидува да се бори до победа со нуклеарна сила

Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / AP POOL

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го предупреди Западот на опасноста од обидот „да се бори до победа со нуклеарна сила“, опишувајќи го вмешаноста на други земји во војната во Украина како „самоубиствен потег“, пренесе „Ројтерс“.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, Лавров исто така рече дека Русија е загрижена за израелскиот напад во Бејрут во кој беше убиен лидерот на Хезболах Саид Хасан Насрала, велејќи дека таквите „политички убиства“ станале секојдневие.

Хезболах претходно денеска потврди дека Насрала бил убиен во израелски воздушен напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот