Лавров се сретна со арапските дипломати поради ситуацијата на Блиски Исток

Сергеј Лавров
Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска имаше средба со арапските амбасадори во Москва поради тензиите на Блиски Исток.

Средбата на Лавров, како што истакна портпаролката на руското МНР, Марија Захарова била на барање арапските амбасадори.

– Изразена е длабока загриженост поради зголемените ризици од избувнување на војна од големи размери на Блискиот Исток со разорни последици за целиот регион, наспроти заднината на одмазднички ракетен напад на Иран на израелска територија на 1 октомври, наведе Захарова.

Иранската револуционерна гарда синоќа објави дека лансирала повеќе од 100 ракети кон Израел како одговор на неодамнешните убиства на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, лидерот на Хезболах Хасан, Насрала и заменик-командант на иранската Револуционерна гарда, Абас Нилфорушан.

Додека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран направил „голема грешка“ и оти „ќе плати за тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот