Лавров: Израел сака директно вклучување на САД во конфликтот на Блискиот Исток

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрала во саботата го нарече „уште едно политичко убиство“ и посочи дека Израел сака да создаде изговор за директно вклучување на САД во конфликтот.

„И за да создадат таков изговор, тие се обидуваат на секој можен начин да го испровоцираат Иран, па дури и Хезболах. Ми се чини дека иранските лидери се однесуваат крајно одговорно и тоа мора соодветно да се оцени“, додаде тој, говорејќи на прес-конференција во седиштето на ОН.

Запрашан да ја коментира кинеско-бразилската мировна иницијатива за Украина, Лавров рече дека таа засега содржи само општи изјави.

„Сите зборови се точни во кинеско-бразилските 6 или 5 точки – повици за мир, повици за правда, за спроведување на меѓународното право. Па, никој не го оспорува тоа. Но, никој сè уште не ми кажа како планираат да се движат кон мир, а јас само знам дека ова прашање се уште се разгледува“, рече Лавров.

Тој нагласи дека Русија се уште се придржува до Новиот договор СТАРТ и не го зголемува својот нуклеарен арсенал.

„Договорот за стратешко офанзивно оружје меѓу Русија и Соединетите Држави е на сила до 2026 година, каде што се утврдени соодветните нивоа. Ние сме водени од нив, барем додека овој договор е на сила“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот