Лавров: Изјавите на Зеленски поттикнуваат етничка омраза, за тоа е предвидена кривична одговорност

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Русија вели дека изјавите на украинските политичари, вклучително и претседателот Владимир Зеленски, поттикнуваат етничка омраза, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министерот потсети дека комесарот за заштита на државниот јазик на Украина, Тарас Кремењ, ги повика сите жители на Украина кои не зборуваат украински да ја напуштат земјата на почетокот на август.

– Веруваме дека ваквите изјави поттикнуваат етничка омраза. Инаку, за тоа е предвидена кривична одговорност во земјите од Европската унија, рече Лавров во интервју за унгарскиот весник „Мачар немзет“.

Како што наведе, акциите на Киев за всадување на идеологијата за национална нетолеранција кон Русите во Украина се неприфатливи и Москва ќе продолжи да врши притисок врз украинската страна да ги исполни своите обврски во врска со почитувањето на човековите права.

Продолжувањето на деградацијата во областа на почитување на основните човекови права во Украина не може да не биде загрижувачко. Министерот спомена дека, всушност, станува збор за вештачка поделба на луѓе во категории со различни права „што многу потсетува на теоријата и практиката на нацистичка Германија“.

– Активностите на Киев за спроведување на идеологијата за национална нетолеранција во Украина, пред се кон Русите, се апсолутно неприфатливи, посочи Лавров.

Според него, Русија ќе продолжи да врши притисок врз Киев, да ги исполни своите обврски во врска со почитувањето на човековите права, вклучително и културните и образовните права на националните малцинства.

– Важно е властите во Киев да слушаат јавни критики на своја сметка и од европски политичари, додаде рускиот министер.

Претходно, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека Донбас „никогаш нема да биде руска територија“, а на оние што ја сакаат Русија и сакаат регионот да се приклучи кон неа, им предложи „да бараат место во Русија“. Тој, исто така, посочи дека „без Украина, нема да има цивилизација на оваа територија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот