Лапорта на Барселона ѝ обезбеди заем од 500 милиони евра

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Според „ЕСПН“, каталонскиот фудбалски гигант добила заем од 500 милиони евра од американскиот инвестициски фонд „Goldman Sachs“.

Од оваа бројка, веднаш ќе ѝ бидат исплатени 100 милиони евра на Барселона, а тие пари ќе ги покријат трошоците за неисплатените плати на фудбалерите.

Барселона е во огромни финансиски проблеми, односно во моментов е најзадолжениот тим во Европа и нејзините долгови изнесуваат неверојатни една милијарда и 200 милиони евра.

Ова му создаде огромен проблем за претседателот на клубот Жоан Лапорта кој се обидуваше да обезбеди заем со цел да ги намали долговите до одреден степен.

Според најавите Барса во во летниот преоден рок ќе се обиде да продаде играчи кои имаат високи договори, кои не се во преден план, и затоа има намера дополнително да го ослободи финансискиот дел од клубот.

Подготвени за големи промени ова лето по уште една разочарувачка сезона. „Мундо Депортиво“ утрово објави дека на крајот од оваа сезона нема да има недопирливи во соблекувалната на Барселона и дека е можно секој фудбалер да го напушти клубот доколку дојде задоволителна понуда.

Објавено е дека клубот наскоро ќе договори состанок со Жерар Пике, Серхио Роберто, Серхио Бускетс и Антоан Гризман и од нив ќе биде побарано да се договорат за значително помали плати.

Тие се меѓу играчите кои заработуваат најмногу во Барселона, но во клубот не се многу задоволни од своите игри. Доколку некој од играчите одбие да ја намали платата, тогаш тој ќе биде ставен на трансфер листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот