Лани речиси 42.000 Косовци извадиле визи од швајцарската амбасада

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Амбасадата на Швајцарија во 2022 година на Косово издала 41.733 визи, двојно повеќе од 2021 година, кога биле издадени 20.259 визи, пишува сајтот „Albinfo.ch“.

Тоа се првенствено визи од типот „Visa C“ и „Visa D“.

Минатата година Амбасадата во Приштина издаде 39.483 визи од категоријата „Ц“ за семејни, деловни и туристички посети, како и 2.250 визи „Д“, кои главно се наменети за обединување на семејството, работни визи и студентски визи.

Визата од типот „Ц“ му овозможува на сопственикот да остане во Шенген зоната до 90 дена.

Наменета е за туристички или семејни посети, службени патувања, краткорочни јазични курсеви или за учество на активности и конгреси.

Визата од типот „Д“ овозможува престој подолг од 90 дена.

Оваа виза е погодна за долгорочен престој заради студирање, работа, брак или обединување на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот