Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Велика Британија

Британската Лабуристичка партија ќе забележи рекордна победа на изборите во Велика Британија, објави агенцијата за испитување на јавното мислење „Сурвејшн“(Survation).

Според анкетата, лабуристите на Кир Стармер ќе освојат 484 од 650 места во британскиот Парламент, многу повеќе од 418-те што ги освои поранешниот лидер на партијата Тони Блер во неговата победа во 1997 година, пренесуваат британските медиуми.

Агенцијата предвидува дека конзервативците, кои беа на власт во изминатите 14 години, ќе освојат само 64 места, што би бил најнизок изборен резултат од основањето на партијата во 1834 година, додека десничарската Реформска партија на ОК ќе освои само седум места.

Националните избори во Велика Британија ќе се одржат на 4 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот