Куртоа се повредил во тензичното дерби против Атлетико, го чека пауза

Фото: EPA-EFE/Ballesteros

Екипата на Реал Мадрид се соочи со проблем бидејќи во наредните најмалку два натпревари ќе биде без првиот голман Тибо Куртоа.

„Кралевите“ денеска објавија соопштение со кое потврдија дека Куртоа се здобил со повреда на мускулот на ногата во вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид кој заврши без победник 1:1.

Куртоа во овој натпревар беше и дел од инцидент откако навивачите од трибините фрлаа разни предмети, меѓутоа таа ситуација не е причина за неговата повреда.

Куртоа поради повреда пропушти најголем дел од минатата сезона, а во негово отсуство голот на кралевите го чуваше Украинецот Андреј Лунин, па така ќе биде и сега.

ВИДЕО: Атлетико во 95 минута до бод во дербито против Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот