Куновска: СДСМ за седум години не успеа во евроинтеграциите, како очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја заврши приказната за сто дена?

Фото: ТВ Телма/принтскрин

Поранешната пратеничка Софија Куновска смета дека ставот на СДСМ за одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, како еден од клучните приоритети на новата Влада, е „смешен и глупав“.

-Глупав е затоа што СДСМ многу добро знае дека и првиот ден по формирањето на Собранието, да отпочнеше постапката за уставните измени, до денес немаше да се заврши затоа што е подолг процес. Смешен е ставот на СДСМ заради тоа што не знам какви им се очекувањата – дека тоа што седум години не го успеаја во однос на евроинтеграциите, како очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да ја заврши приказната за 100 дена, вели Куновска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, и ВМРО-ДПМНЕ и новата Влада не треба да биде амнестирана за тоа што го направи во овие 100 дена.

-Самата ги подигна очекувањата во сузбивањето на енормниот криминал и корупција во државата како прв приоритет. Колку и СДСМ драматично ги изгуби изборите на ова прашање, сметам дека ВМРО има голема задача пред себе, истакна Куновска.

Поранешната пратеничка смета дека на новата Влада ѝ треба малку повеќе време, но „ако треба да се судат овие први 100 дена, нема простор за голема импресија и тој впечаток кај граѓаните е прилично присутен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот