Куманово најзагаден град во Европа

Куманово синоќа беше најзагаден град во Европа, пренесе Aqicn.org. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.
Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.
Граѓаните реагираа и на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот