Крвна одмазда е причина за убиството во Батинци

Batinci ubistvo
Фото: Принтскрин

Двајца маскирани напаѓачи во возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички утрово по 9 часот со автоматско оружје пукале кон џип „форд“ во кои се возеле двајца браќа од селото Црн Врв.

Од истрелите од автоматското оружје веднаш починал 34-годишниот А.Б.И додека три години помалиот брат З.И, кој се здобил со тешки повреди бил пренесен на скопските клиники.

Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за крвна одмазда, а починатиот се поврзува со Зулќуфли Нуредини попознат како Мали Репки.

Мали Репки повеќе години се криел од правдата и малтретирал и рекетирал бизнисмени од скопскиот, тетовскиот и кумановскиот регион, а бил и организатор на повеќе грабежи. По распишана централна потерница, Репки беше приведен во октомври 2021 година во велешкото село Лавчани каде што се криел од полицијата.

Полицијата се уште трага по напаѓачите, а во потрагата вклучен е и хеликоптер.

Вработен во штипскиот затвор е повреден при тепачка помеѓу две групи затвореници

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот