Крстарење од кошмарите: Пајак снесол јајца во палецот на еден патник

Фото: Wikimedia commons / Raphaël Poupon

Крстарењето на кое бил Колин Блејк за да ја прослави 35-годишнината од бракот се претворило во кошмар откако пајак му снесол јајца во палецот на ногата, пишува „Би-би-си“.

Патувањето низ Франција добило неверојатен пресврт, откако неговиот палец потекол и станал виолетов преку ноќ. Загрижениот патник го посетил докторот на бродот и открил шокантна информација.

Докторот му објаснил на Колин дека бил каснат од перуански волк-пајак, кој снесол јајца во неговиот палец на ногата.

Блејк бил каснат од пајакот додека тој и неговата сопруга биле на оброк на отворено во Марсеј, Франција. Тој изјавил дека не бил свесен дека е каснат, туку се сомневал во алергиска реакција од новите сандали кои ги носел.

Откако му биле дадени антибиотици за борба против токсините, отокот спаднал, а медицинскиот персонал го отсекол „туѓото тело“, при што излегол гној исполнет со јајцата од пајакот. За среќа Блејк целосно ќе закрепне.

„Прашав дали можам да го задржам, но докторите рекоа не“, се пошегувал тој.

Инаку, Перуанските волк-пајаци се појавуваат во Франција, по пристигнувањето во оваа областа преку товарните бродови на пристаништата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот