Кристијано Роналдо: Не промашив пенал цела година и кога беше најважно не успеав

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Португалија со подобро изведување пенали ја победија Словенија (3:0) и се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство, каде в петок ќе играат против Франција.

На мечот со Словенија немаше голови во 120-минути игра, а можеби најблиску Португалија до избегнување на ударите од белата точка беше во 105. минута, кога Кристијано Роналдо имаше шанса да ја погоди мрежата од пенал.

Голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак со брилијантна интервенција го расплака Роналдо.

Во пенал-серијата Роналдо го поправи промашеното, а останатите голови ги постигнаа Бруно Фернандеш и Бернардо Силва, а Јосип Иличиќ, Јуре Балковец и Бенјамин Вербич не успеаја да ги реализираат првите три обиди за Словенија.

– Тага на почетокот, радост на крајот. Тоа е фудбалот, моменти кои се неописливи. Имав чиста можност да го доведам тимот во водство, но не успеав. Јан имаше одлична одбрана. Цела година не промашив пенал, но кога беше најважно не успеав. Мислам дека заслуживме да победиме бидејќи игравме со поголем авторитет. Словенија се бранеше речиси цел натпревар. Посебни честитки за нашиот голман кој одбрани три пенали – рече Роналдо по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот