Кристијан Диор тврди дека овие четири работи ја прават жената непривлечна

Фото: Рexels-kendall-justice

Францускиот моден дизајнер и основач на една од водечките модни куќи, Кристијан Диор, тврди дека овие четири работи ја прават жената неуредна.

Еден од најпознатите дизајнери откри и на која возраст жените се најпривлечни.

„Жените се најатрактивни на возраст од 35 до 40 години, откако надминале многу ситуации и имале искуство. Кога жената ќе наполни 40 години, таа привлечност може да трае вечно“, изјавил тој.

Тој верувал дека не постојат грди жени, само оние кои не знаат како да ја истакнат својата убавина. Исто така, еднаш навел шест детали кои ги прават жените неуредни.

Нечиста коса

Една од првите работи што многу луѓе ја забележуваат кај вас е вашата коса, па затоа е многу важно таа да биде уредна и чиста. Диор верувал дека валканата коса е најлошото нешто што го расипува имиџот на жената.

Неуредни раце

Вашите раце откриваат сѐ за вас, ги покажуваат вашите години, но и колку се грижите за себе. Затоа, погрижете се вашите нокти да се секогаш чисти, а кожата на вашите раце да биде мека.

Несоодветна облека

Облеката што ја носите треба да ја нагласи убавината на вашата фигура и да ги скрие вашите недостатоци. Диор верувал дека жената ја губи својата софистицираност ако неправилно се облекува. Затоа е многу важно да изберете облека која одговара на вашата фигура, но и точниот број што го носите.

Вулгарност

Тој верувал дека жените кои користат пцовки се вулгарни и ја губат својата женственост. Покрај грижата за надворешниот изглед, жената треба да се грижи и за начинот на кој комуницира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот