Крис Џенер проговори за туморот: „Ми рекоа дека мораат да ми ги отстранат јајниците“

Фото: Profimedia

Американската медиумска личност Крис Џенер (68) неодаман откри дека лекарите ѝ дијагностицирале тумор. Нејзиното признание беше прикажано во трејлерот за петтата сезона на „Семејството Кардашијан“ („The Kardashians“), а деновиве излезе и епизода во која таа зборуваше за својата болест.

Џенер им ја откри веста на ќерките Кендал, Ким и Клои, а сè беше документирано на камера.

„Сакав нешто да ви кажам бидејќи сè уште не сум ви кажала, но отидов на лекар и направив преглед. Тоа ме прави многу емотивна, но… Ми најдоа циста и мал тумор на јајниците. Лекарот ми рече дека мораат да ми ги отстранат јајниците“, им рекла таа, додавајќи дека тоа е дел од „стареењето“.

Како што вели, ова е знак дека завршила со еден дел од животот, со едно цело поглавје.

Откако ја слушна шокантната вест, Ким проговори и пред камерите.

„Операцијата и отстранувањето јајници е голема работа. Се чувствувам многу тажна поради неа. Не можам ни да се замислам себеси во таа ситуација и колку би била исплашена доколку морам да поминам низ тоа“, рече таа.

ВИДЕО | „Готват дотерани за Вог“: Кајли Џенер „сечка“ како Кендал, Крис вели дека е генетски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот