Криминално помирување заврши со престрелка во Чаир

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Средба за помирување меѓу две семејства во скопски Чаир, заврши со меѓусебна престрелка.

Во инцидентот според првичните информации има неколкумина ранети.

Информацијата ја објави ТВ21, а наводно, според сознанија на Фокус меѓу ранетите во пукањето е и син на сопственик на чајџилница во трговскиот центар „Чаирчанка“.

Лицето кое пукало пак неофицијално е жител на Сингелиќ.

Инцидентот го пријавил ѓраѓанин кој слушнал истрел на улицата „Дижонска“, а на местото на пресметката имало траги од крв.

Приведено е едно лице, додека ранетиот е во операциона сала.

Се очекуваат повеќе информации од МВР и надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот