Кремљ ги предупреди САД: Вашето пријателство со Украина може да биде многу опасно

Претседателите на САД, Русија и Украина, Џо Бајден, Владимир Путин и Владимир Зеленски/ Фото ЕПА

Кремљ денеска соопшти дека американската воена помош за Украина може да го охрабри Киев да се однесува непредвидливо и опасно во конфликтот на истокот на земјата.Русија бурно реагираше на американско-украинското пријателство, кое, според нив, било мотивирано поради нивното противење за прифаќање на Украина како членка на НАТО, пренесува ТАСС.

Американскиот претседател Џо Бајден на состанокот во средата му вети на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека САД се „цврсто посветени“ на територијалниот интегритет на Украина и понудија 60 милиони долари нова безбедносна помош.

Украинските војници се борат против силите поддржани од Русија во источниот регион Донбас од 2014-та година, а 14.000 луѓе оттогаш ги загубија животите во конфликтот кон Киев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази загриженост поради плановите за американска воена помош.

„Веруваме дека ова потенцијално може да предизвика непредвидливи акции од украинска страна во однос на обидот за да се реши со сила украинскиот конфликт. Тоа е многу опасно”, рече Песков.

Тој го изрази долгогодишното противење на Москва на желбата на Киев да се приклучи на НАТО, истакнувајќи ги коментарите што Зеленски ги даде за време на патувањето.

Зеленски рече дека Украина направила се што е потребно за да го заслужи членството во НАТО, што Киев го гледа како витално средство за одмазда на Русија. НАТО верува дека Украина мора да прифати дополнителни политички реформи пред да стане членка.

САД и Германија се спогодија за Северен тек 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот