Кралот Чарлс му го довери на Кир Стармер мандатот за формирање влада

Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.

Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.

„Кралот го прими на аудиенција уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати таа понуда“, соопштено е од Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот