Кралот Чарлс ќе патува во Америка, сака подобро да ги запознае децата на принцот Хари

Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Кралот Чарлс Трети (75) наводно наскоро ќе отпатува во Америка за да ги посети своите внуци, пишува „Њујорк пост“. Според странските медиуми, кралот сака да има поголема врска со внуците и дека тие можат да се потпрат на него.

„Чарлс разговараше за официјална посета на САД во одреден момент во иднина. Без сомнение кралот, ако дојде до тоа, ќе најде време и да ги посети својот најмлад син и внуците. Пред тоа има уште многу планови да се надминат“, открил изворот.

Тој додал дека кралот ја мрази помислата дека Арчи и Лили нема да го паметат како топол и пријателски расположен дедо. Се наведува дека е во добар однос со децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и дека често се дружат, а со децата на принцот Хари одржува контакт преку видео повик. Меѓутоа, изворот открива дека кралот сака да го смени тоа.

Инаку, принцот Хари пред четири години со сопругата Меган Маркл и нивните деца се пресели во САД и престана да ги извршува кралските должности. Парот и нивниот син Арчи и ќерката Лилибет живеат во Монтесито, Калифорнија. Односите меѓу принцот и неговото семејство се влошија, а вистинските проблеми започнаа кога Хари ги објави своите мемоари „Резерва“.

Според странските медиуми, на принцот му недостасува животот во Британија, па бара постојан дом.

„Хари е решен да го најде својот постојан дом во Обединетото Кралство, што делумно е причината зошто тој продолжува со правните активности за да го принуди британскиот даночен обврзник да плати за неговата безбедност“, изјавич експерт за британските медиуми.

ФОТО | Специјално мени: Кралот Чарлс Трети го послужи јапонскиот цар Нарухито со морски ракчиња и мус од босилек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот