Крај на шокантната приказна за рибата која забременила без мажјак: Угина ражата Шарлот

Фото: HANDOUT / AFP / Profimedia

Угина познатата ража Шарлот, која се прослави ширум светот кога беше објавено дека е бремена иако во нејзиниот аквариум нема мажјак. Веста беше објавена на социјалните мрежи од аквариумот и лабораторијата за ајкули „Еко“ во Хендерсонвил.

– Со жалење ве известуваме дека и покрај специјалистичката медицинска помош, нашата ража Шарлот угина. Ќе продолжиме да работиме со нејзиниот лекарски тим – најавија тие.

Тие не ја соопштија причината за смртта, но претходно објавија дека Шарлот боледува од ретка репродуктивна болест, пренесува „ИФЛ Саенс“ (IFLScience).

Како што веќе пишуваа светските медиуми, огромно внимание во февруари привлече веста дека женка ража забременила иако во аквариумот нема мажјак. Беа објавени ултразвучни снимки од оваа риба, а многу експерти се тркаа да го објаснат овој феномен на „безгрешно зачнување“. Некои тврдеа дека тоа е партеногенеза, процес во кој женката може асексуално да произведе ембрион, додека други се обидоа да објаснат дека е можно парење со машки ајкули кои живеат во истиот аквариум.

После неколку месеци мистеријата конечно беше решена бидејќи се покажа дека ражата воопшто не е бремена, туку дека има ретка репродуктивна болест. Како што пишува „ИФЛ Саенс“, поради различни приказни, многумина се сомневаат дека ражата воопшто била бремена и дека се работи за измама од самиот почеток, што од Аквариумот го негирале.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот