Ковид-19 во армијата на САД: Речиси цел Генералштаб во самоизолација

Фото: EPA

Речиси сите членови на американскиот Генералштаб се ставени во самоизолација, откако вториот човек на Крајбрежната стража објавил дека е позитивен на коронавирус.

Адмиралот Чарлс Реј, по состанокот на американскиот воен врв во Пентагон, бил тестиран за ковид-19 и добил позитивни резултати.

Висок воен претставник, кој побарал да остане анонимен, нагласил дека речиси целиот состав на Генералштабот бил тестиран на коронавирус од претплазливост, но сите, освен адмиралот Реј биле негативни и продолжиле со своите должности.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека зголемениот број на заразени со Ковид-19 меѓу претставници на американската администрација, не го загрозува функционирањето на Владата на САД.

– Освен адмиралот Реј, нема други високи воени претставници кои се заразени со коронавирус. Борбената готовност и подготвеност на американските вооружени сили се непроменети, изјави претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот