Ковачевски: Рестрикции на струја зимава не се опција за Владата и за ЕСМ

Генералниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, вечерва во „360 степени“ на Алсат зборуваше за енергетската криза и за можноста зимава да има рестрикции во снабдувањето со струја.

„Ова е најчесто поставувано прашање, затоа што нашата држава и регионот, но и цела Европа, се наоѓаат во глобална економска криза. Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија, рече Ковачевски.

Според него, во Владата и ЕСМ рестрикциите „не се опција“.

„Затоа што интензивно се подготвуваме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да ги покриеме количините за регулираниот пазар, но и дополнителни количини за слободниот пазар“, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот