Ковачевски: Пендаровски влегува со иста стартна позиција како и другите можни кандидати за шеф на државата

Димитар Ковачевски, Фото: Принтскрин

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е неетички, неблагодарно и нестатутарно да прејудицира кој ќе биде кандидатот на СДСМ и коалицијата за шеф на државата и иако го пофали претседателствувањето на актуелниот претседател Стево Пендаровски, рече дека во номинациската трка и тој влегува со еднакви стартни позиции како и другите евентуални кандидати за престижната функција.

Ковачевски вели дека СДСМ ја почнал процедурата за номинација на можни кандидати за претседател на државата.

– Јас кажав дека во таа номинациска трка сите можни кандидати имаат еднаква стартна позиција, бидејќи така налага статуитот на СДСМ – вели Ковачевски.

Тој додаде дека вчера се одржани состаноци на ниво на општинските раководства и дека ќе почнат процесите на номинација во сите месни организации.

За Пендаровски, премиерот оцени дека успешно го извршува претседателскиот мандат.

-Се држеше за вредностите за кои што се залагаат коалициските партнери кои што ја поддржаа неговата кандидатуира, ги поддржуваше евроинтеграциите на државата и сметам дека сите граѓани ги третираше со еднаква почит без разлика на нивната припадност по било кој основ. Во овој момент можам да зборувам за вредности, какви вредности треба да дели кандидат кој што би бил кандидат на коалицијата. Не можам да прејудицирам кој ќе биде кандидатот, бидејќи тоа е неетички, неблагодарно и нестатутарно – смета Ковачевски.

Тој не го прецизира датумот кога ќе ја поднесе оставката од премиерската функција, само рече дека ќа биде во законскиот рок, кон крајот на наредната недела. Средбата со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за техничката влада најверојатно ќе биде откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одреди своите предлози за министри и заменици министри.

– Со ВМРО- ДПМНЕ ќе имаме средба на која ќе разговараме за подготовките за изборниот процес. Техничката влада е дефинирана согласно закон. СДСМ излезе со свои кандидати за техничката влада. Истото веројатно ќе го направи и ВМРО-ДПМНЕ и таа ќе се гласа во Собранието – вели премиерот.

Тој не прецизира ни дали на избори ќе одат на заеднички листи со ДУИ.

-Со сите коалициски партнери разговараме. Разговорите во моментов се на ниво на анализи, програми и визијата за државата, а не се насочени во детали за тоа како би изгледале пратеничките листи – рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот