Ковачевски и Радев разговарале за енергетската криза и за подобрување на билатералната соработка

Фото: Влада на РСМ / колаж: Слободен печат

Премиерот Димитар Ковачевски попладнето во Софија имаше работен состанок со Претседателот на Република Бугарија Румен Радев. На состанокот, на кој присуствуваа и министрите за надворешни работи и за економија, Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија Бранко Азески , се разговарало за заедничко надминување на предизвиците со енергетската криза и продлабочување на соработка на двете земји, соопшти Владата.

Премиерот Ковачевски на средбата рекол дека владината делегација допатувала во Република Бугарија за да најде решенија за справување со енормниот раст на цената на електричната енергија, да се помогне стопанството кое струјата ја купува на слободниот пазар, за тоа да може да го издржи високиот раст на цената на електричната енергија на светските берзи.

Справување со последиците од светската енергетска криза е приоритет. Од бугарска страна било истакнато дека во тешки денови треба да си помагаме меѓусебно , бидејќи станува збор за справување со последиците од најголемата глобална криза која ја паметиме во поновата историја, велат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот