Кошаркарите на Работнички поразени од Сутјеска на стартот во АБА 2 лигата

фото: Rabotnicki Skopje

Кошаркарите на Работнички со пораз од Сутјеска го отворија своето патување на Јадранот, односно враќањето во АБА 2 конкуренцијата.

Екипата од Никшиќ, која од клупата ја предводи поранешниот селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, беше многу подобар противник од „црвено-белите“.

Во релативно израмнетата премиерна четвртина (16:22), се чини дека домашната екипа „потона“ во онаа наредната. Во вториот период од играта, Сутјеска направи убедлива предност. Почетните 22:16, до полувремето ги претвори во недостижни 37:21.

Без особени промени се играше во продолжението, во кое всушност продолжи доминацијата на црногорскиот претставник, кој по три одиграни четвртини практично и ја потврди првата победа во АБА 2 лигата. Имаа гостите водство од 25 поени (61:36).

Во бледото издание на Работнички, делумно поправено во последните 10 минути од премиерата, новакот Робев даде 13 поени, уште еден нов играч, Јовичиќ, дојде до 12, додека Полутак застана на 10.

Во наредното, второ, коло, на 8 октомври, „црвено-белите“ патуваат во Нови Сад, каде ги чека дуелот против екипата на Војводина, еден од фаворитите за пласмaн во АБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот