Конзервативецот Сунак го призна изборниот пораз

Риши Сунак / Фото EPA-EFE/Chris J. Ratcliffe /

Британскиот премиер и лидер на конзервативците Риши Сунак го призна поразот на вчерашните парламентарни избори и му ја честиташе победата на лидерот на лабуристите Кир Стармер.

– Лабуристичката партија победи на овие општи избори и му се јавив на Кир Стармер за да му честитам на победата – рече тој. Сунак нагласи дека власта ќе се смени „уредно и мирно“ и ја презеде одговорноста за поразот на изборитев – пренесува Скај њуз.

– Британскиот народ донесе отрезнувачка пресуда и јас ја преземам одговорноста за поразот. За многуте добри, вредни конзервативни кандидати кои изгубија вечерва … Жал ми е – додаде британскиот премиер во заминување.

Лабуристите освоија 410 од 650 места во Долниот дом на вчерашните општи избори во Велика Британија, според излезните анкети, со што ставија крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот