Контактите на болничарката што има конго-кримска треска не се во изолација, од нив 10 се од семејството

Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески
Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Единаесет луѓе кои биле контакти на хоспитализираната болничарка од Инфективна клиника што се зарази со конго-кримска хеморагична треска се под 14-дневен здравствен надзор, соопшти директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат доктор Рената Младеновска.

– Здравствениот надзор значи контактите на лицата треба да се во постојан контакт со епидемиолог од Центарот за јавно здравје Скопје. Тоа не е класична изолација, но не треба да имаат контакт со останатите, едноставно да издржат 14 дена и да не се прошири оваа зараза. Се надевам дека ова ќе биде последниот случај,  изјави Младеновска.

Претходно 29 медицински лица беа под здравствен надзор зашто биле контакти на 27-годишната жена од штипското село Кучица која почина од конго-кримска хеморагична треска по убод од крлеж. Болеста е сериозна и може брзо да прогресира, а од 10 случаи четири завршуваат со смрт.

– Имаме здравствен надзор за 40 луѓе вкупно. Од овие 11 десетмина се од потесното семејство на болничарката, како и една нејзина колешка од Инфективната клиника, рече Младеновска.

Почина 27-годишна штипјанка од конго-кримска хеморагична треска, ја каснал крлеж

Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и хоспитализиран

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот