Конфликтот меѓу двајцата рапери продолжува: Канје Вест ја објави домашната адреса на Дрејк

Фото: Instagram

Контроверзниот рапер Канје Вест на својот инстаграм – профил ја објави домашната адреса на својот колега Дрејк.

По вербалните конфликти и навреди што првично дојдоа поради Ким Кардашијан, сега веќе поранешниот партнер на ријалити ѕвездата на социјалните мрежи ја објави адресата на домот на Дрејк во Канада, со што ја загрози неговата безбедност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OBA OF LONDON (@obamighty1)


„Сакам да знам што мисли Дрејк за ова. Што ќе се случи, Канје? Неговата адреса ќе биде насекаде на „Google“. Ова е многу чудна работа“, се коментарите на загрижените обожаватели под фотографијата објавена од раперот.


Откако Канје и Ким раскинаа и покренаа постапка за развод, странските медиуми пишуваат дека Дрејк „фрлил око“ на Ким и наводно и праќал интимни пораки. Според локалните медиуми, Дрејк сака да ја освои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)


Покрај тоа, обожавателите на Дрејк тврдат дека канадскиот рапер во своите песни алудирал на фактот дека имал интимна врска со ријалити ѕвездата, а на Канје не му се допаднало тоа што Дрејк тоа никогаш не го негирал, поради што нивниот судир првично настанал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот