„Kончар“ е дел од конзорциум во бизнис вреден 188 милиони евра во Романија

Фото МИА

Kомпанијата „Кончар“ освои нов вреден бизнис на глобалниот пазар, дополнително проширувајќи ги своите силни референци во изградбата и ревитализацијата на хидроцентралите.

Кон богатото портфолио од над 400 изградени и ревитализирани хидроцентрали ширум светот, „Кончар“ се вклучи во работата за ревитализација на ХЕЦ „Видрару“ со капацитет од 4 x 67,3 MВА во Романија.

Договорот опфаќа проектирање, производство, испорака, демонтирање на постоечка и монтажа на нова опрема, како и тестирање и пуштање во работа. Тој е вреден повеќе од 188 милиони евра, од кои уделот на „Кончар“ е речиси 80 милиони евра.

ХЕ „Видрару“ со инсталирана моќност од 220 MВ и просечно годишно производство на електрична енергија од 400 ГВч е изградена во периодот од 1961 до 1966 година како врвна електрана на реката Аргес.

Таа е една од најзначајните хидроелектрични централи во романскиот енергетски систем, а нејзината ревитализација, со вклучување на „Кончар“, ќе ги подобри постоечките перформанси, ќе го продолжи животниот век на објектот и ќе го зајакне романскиот енергетски систем, пишува Пословни.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот