Концертот „Најдоброто од Копров“ ќе се одржи во Националната опера и балет

Концертот е дел од програмата на „Скопско лето“

Величествен концерт со наслов „Најдоброто од Копров“ на вокалната солистка Ана Петановска ќе се одржи на 4 јули, со почеток во 20.30 часот, во Националната опера и балет.

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров, како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.

Концертот претставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: Владо Јаневски, Наде Талевска, Горан Наумовски и Денис Димоски, а во придружба на камерен оркестар.

Музички продуцент на настанот е Давор Јордановски, а организацијата на концертот е во рамките на програмата на летната манифестација „Скопско лето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот