Комуналците повторно чистеа диви депонии низ Скопје, собрани 330 кубици ѓубре

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

ЈП „Комунална хигиена“ и во текот на изминатите неколку дена реализираше повеќе вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во Скопје.

Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на Арената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром. Како што информираат од претпријатието, повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите – велат од „Комунална хигиена“.

Оттаму повторно апелираат граѓаните да престанат со непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“
Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот