Компанијата „Алијанц“ им порача на Германците дека „лошо“ штедат

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Новиот извештај на минхенската осигурителна компанија „Алијанц“ заклучи дека многу Германци ги пропуштаат можностите за просперитет затоа што неправилно штедат. Имено, секој жител на Германија има во просек по 70.000 евра заштеда и недвижен имот чија просечна вредност е 130.000 евра.

Според Светската банка, Германија е трета по големина економија во светот, додека нејзините жители, според споменатиот извештај, се рангирани на 15-то место според богатството. Економистите на „Алијанц“ забележаа дека приватните финансиски ресурси значително се зголемија низ целиот свет во текот на изминатата година.

Сепак, овие средства во Германија сега се значително помали отколку пред пандемијата на коронавирус. Во извештајот се нагласува дека германските штедачи инвестираат слабо затоа што заработуваат малку пари од своите заштеди. Малку се оние кои ги користат своите заштеди за купување хартии од вредност, како обврзници и акции.

Истражувањето на Бундесбанк, која е централна банка на Германија, од 2021 година покажа дека граѓаните со ниски примања најмногу штедат за купување станбени недвижности, иако станбените недвижности се скапи. Сепак, оваа форма на штедење и штедење во банките со ниски каматни стапки се сметаат за солидни и сигурни. Покрај тоа, истражувањето покажа дека акциите се уште се непопуларни.

Забележливо е дека оние со повисоки примања купуваат повеќе акции. Од друга страна, оние со помали примања најмногу ги користат заштедите за ненадејни трошоци. Една од причините зошто е тоа така е лошото искуство на Германците со акциите на Телекомот, пишува тагесшау.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот