Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба

Членовите на двопартиската комисија на Претставничкиот дом на САД кои го истражуваат обидот за атентат на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп предложија за време на првото сослушување одржано денеска дека неуспесите што доведоа до тоа напаѓачот да може да отвори оган врз Трамп е – резултат на лошата работа на американската тајна служба, а не на локалната полиција.

Во својот воведен говор, копретседателот на Комитетот Мајк Кели, републиканец од Пенсилванија, ја обвини Тајната служба за неуспехот, која му дозволи на вооружениот Томас Мајкл Крукс да се качи на покривот на блиската зграда и да отвори оган врз Трамп.

Трамп беше ранет, а еден човек кој присуствуваше на митингот со своето семејство беше убиен на тој партиски собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот