Командантот на КФОР, Улуташ во Тирана

Командантот на мисијата на НАТО во Косово,  КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ денеска во Тирана се сретна со политичкото и военото раководство на Албанија, вклучително и министерот за одбрана Пиро Венгу и командантот на одбранбените сили, генерал-мајор Арбен Кинѓи.

Според медиумите, разменети биле мислења за повеќе прашања, меѓу кои “ситуацијата на Косово, регионалната стабилност, како и улогата на КФОР”.

Во таа прилика, Улуташ го поздравил долгорочниот и вредниот придонес на Албанија во активностите на таа мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот