Колку калории има ајварот и колку често можеме да го консумираме овој македонски специјалитет?

ајвар
Ајвар / Фото: Profimedia

Ако имате 70 килограми, за да потрошите 100 грама ајвар што сте го изеле, треба да трчате или да возите велосипед околу 10 минути, да пливате 14 минути или да правите вежби со тежина 25 минути, пишува „Н1“.

100 грама ајвар содржи 99 калории, 1,5 грама протеини, 13 грама јаглени хидрати и 5,3 грама масти. Ајварот спаѓа во хранливи, но калорични намази, па затоа треба да се консумира умерено.

Ако имате 70 килограми, за да потрошите 100 грама ајвар што сте го изеле, треба да трчате или да возите велосипед околу 10 минути, да пливате 14 минути или да правите вежби со тежина 25 минути.

Истото количество ајвар претставува 5 отсто од препорачаниот дневен внес на калории, 2 отсто од дневниот внес на протеини, 5 отсто јаглехидрати и 8 отсто масти. Најголем дел од калориската вредност ајварот го добива од мастите и јаглехидратите.

За споредба, 100 грама гауда или едамер имаат околу 350 калории, 100 грама печени компири имаат 122 калории, а 100 грама свежи пиперки, домати или спанаќ имаат околу 20 калории.

Дали ајварот дебелее?

Ајварот не дебелее ако се јаде во умерени количини, без разлика дали е ајвар од мелени или печени пиперки. Црвената пиперка од која се подготвува ајварот содржи капсаицин, супстанца која го забрзува согорувањето на мастите и помага при слабеење.

Но, ајварот е полн и со масло, што ја зголемува содржината на маснотии и калориската вредност. Токму поради оваа калорична содржина, богатиот вкус и мирис, ајварот може брзо да го задоволи апетитот и да ја намали желбата за прејадување, што го прави одлична храна во борбата за одржување на килограмите.

Интересно е што црвената пиперка има помалку јаглехидрати , но и помалку влакна од зелениот пипер.

Но, имајќи ги предвид сите фактори, пред се неговата поголема калорична вредност, ајварот во никој случај не се препорачува да се јаде во големи количини секој ден. Однесувајте се кон него како добар додаток на оброк или како салата и земајте го повремено, во количина од, да речеме, 50 грама.

Дали ајварот е здрав?

Можеме да кажеме дека ајварот припаѓа на високо нутритивните намази и дека има бројни придобивки за нашето здравје, доколку, како што веќе рековме, се консумира умерено и ако се работи за домашен ајвар кој се подготвува без адитиви и конзерванси.

Ајварот е 100% вегански производ кој не содржи глутен, што го прави одличен избор за луѓе со нетолеранција или алергии на овој протеин.

Бавниот процес на готвење на ниска температура успешно зачувува бројни хранливи материи од црвената пиперка, која е одличен извор на микронутриенти како витамин Ц, витамин А, витамин Б6 и железо.

Витаминот Ц е познат антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот, помага во обновувањето на клетките и придонесува за производство на колаген, кој е важен за здравјето на коските, кожата и косата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот