Колку често треба да се мериме и што влијае на бројот на килограми?

Освен за начините за постигнување здрава телесна тежина, со години се води полемика за тоа колку често треба да се мериме на вага, особено кога сме на одредена диета и во текот на летната сезона. Некои истражувачи велат дека бројката може да има негативни последици за нашето ментално здравје, додека други сугерираат дека еднаш неделно е идеална мерка, пишува „Саенс алерт“.

Ник Фулер, истражувач на австралискиот универзитет во Сиднеј, кој води клинички испитувања за слабеење, препорачува да се мерите секоја недела, дури и ако не се обидувате да изгубите тежина, бидејќи на тој начин ја контролирате вашата тежина.

Со возраста, особено во средните години, имаме тенденција да добиваме половина килограм годишно, па натрупувањето на килограмите може да доведе до дебелина и здравствени проблеми.

Според наодите од 12 студии, учесниците кои се мереле неделно неколку месеци изгубиле една до три единици на индексот на телесна маса (БМИ), во споредба со оние кои се мереле секојдневно.

Задржување на вода

Нашата телесна тежина може да варира во текот на неделата, а студиите велат дека таа обично е поголема после викендот.

Бројката на вагата ќе биде поголема наутро, особено ако вечераме со храна богата со јаглени хидрати, бидејќи тогаш нашето тело задржува повеќе вода (три до четири грама вода на грам јаглени хидрати).

Поголем број ќе биде ако навечер ја посолуваме храната, бидејќи солта ја врзува и водата за себе во телото.

Исто така, без разлика дали се работи за 30 грама јаткасти плодови или 65 грама посно месо, сè што јадеме и пиеме има тежина, што привремено ја зголемува нашата телесна тежина.

Полесни после тренинг

Меѓутоа, нашата тежина има тенденција да биде помала наутро откако ќе се ограничи внесот на храна преку ноќ, како и поголема во вечерните часови по внесот на храна и пијалоци во текот на денот.

Ако се мериме после тренинг, голема е шансата да имаме намалена тежина поради губење на течности преку пот. Во просек губиме еден литар пот за време на еден час вежбање со умерен интензитет.

Хормоналните флуктуации кај жените можат да влијаат и на бројот на вагата, бидејќи за време на менструалниот циклус може да се здебелат од половина до два килограми.

Престанете ако ве оптоварува

Се чини дека неделното мерење е најдоброто решение, па затоа се препорачува да се мери во ист ден во неделата, во исто време и во иста средина.

Меѓутоа, пречестото мерење може да создаде опсесија со бројот на вагата и да направи повеќе штета отколку корист.

Престанете да се мерите често ако почне да ви предизвикува вознемиреност или стрес и стапете во контакт со здравствен работник за да разговарате за тоа, заклучува истражувачот Ник Фулер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот