По која цена можете ја купите книгата на принцот Хари и колку милиони долари ќе заработи од неа?

Фото: Профимедиа

Книгата на принцот Хари „Spare“ (Резерва) официјално е пуштена во продажба. Цената на мемоарите е 28 фунти (31,74 евра) во Велика Британија, а може да се набави и како аудиоснимка за 20 фунти (22,67 евра). Многумина ги интересира колку војводата од Сасекс заработил од публикацијата.


Медиумите со денови шпекулираат за тоа, па „Би-би-си“ објави дека издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“ (Penguin Random House) му платила на Хари аванс од 20 милиони долари за „Резерва“. Во меѓувреме, ЕТ Канада објави дека принцот заработил од 35 до 40 милиони долари. Ниту една цифра сѐ уште не е официјално потврдена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Barnett (@laura_r_leeson)


Се очекува Хари да ги донира средствата од продажбата на книгата во добротворни цели, објави „Пипл“. Принцот најави дека дел од приходите ќе бидат наменети за Sentebale, организација што ја основал во 2006 година заедно со принцот Сисо од Лесото за да им помогне на децата погодени од ХИВ во Африка.

„Ова е една од неколкуте донации што планирам да ги дадам за хуманитарните организации и благодарен сум што можам на овој начин да им помогнам на децата и заедниците на кои тоа им е неопходно потребно“, рекол претходно во изјава за медиумите.


Во книгата од 416 страници, Хари ја раскажа својата приказна со „непоколеблива искреност“, велат од издавачката куќа „Penguin Random House“ и додаваат дека книгата е „значајна публикација полна со увид, откритија и самоиспитување“.

„Резерва“, која беше објавена во Шпанија пред официјалното објавување, опфаќа широк спектар на теми, од односот на Хари со неговиот брат Вилијам до тешкотиите по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана во 1997 година.

ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

Утре излегува „Резерва“: Сите скандали кои принцот Хари ги откри досега

ВИДЕО | Принцот Хари: Си ги сакам брат ми и татко ми назад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот