Кој плаќа најскапо гориво во регионот?

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Според податоците на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС), Србија е на третото место во регионот по цената на бензинот и течниот автогас, а на второ по цената на Еуродизелот.

Литар бензин БМБ 95 во Србија чини 1,5 евро. Убедливо најскапи се Албанија со 1,77 евра за литар бензин и Грција со 1,75 евра.

Во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, а во Хрватска 1,43 евра. Најевтиниот бензин е во Македонија – 1,22 евра за литар.

Литар Еуродизел Албанците ги чини 1,77 евра, а Србите 1,62 евра.

Во Словенија литар еуродизел чини 1,54 евра, а во Грција 1,52 евра. Најевтиниот дизел е 1,1 евро во Македонија и 1,2 евро во Босна и Херцеговина.

Цената на бензините во Србија е за 3,7 отсто повисока од просекот во регионот, а еуродизелот е дури 15 отсто поскап од просекот во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот