Кој е сопругот на Марго Роби? Во брак се 10 години, ретко се појавуваат заедно

Фото: Профимедиа

Марго Роби со денови ги полни медиумите поради својата улога во хитот „Barbie“. Таа ја воодушеви публиката, но и критичарите, а веќе се споменувале и Оскари за неа и за Рајан Гослинг, кој го игра Кен. Бројни обожаватели ги интересира како изгледа нејзиниот Кен во реалниот живот, а она што е интересно е дека и тој работел на овој популарен филм.

Копродукцијата на овој успешен проект ја потпишува сопругот на славната актерка, Том Акерли. Овој  филмски продуцент кој не се експонира, своите први искуства пред камерите ги имал во филмовите за Хари Потер. Тој бил дел од актерската екипа, a толкувал еден ученик од Слитерин.

Фото: Профимедиа

Сепак, амбициите го одвеле зад камерите, па Акерли се одлучил за продукцијата. Со текот на годините преминал и на режија, а во 2014 година отворил своја продуцентска куќа, која потпишала големи филмски остварувања како: „I, Tonya“, „Birds of Prey“ и „A Promising Young Woman“.

Марго и Том се вљубиле на снимањето на „Suite Française“, а се венчале во 2013 година на тајна церемонија. Пред врската тие биле пријатели и цимери.

Фото: Профимедиа

Не сакаат медиумски да се експонираат, но на неколку наврати папараците ги фотографирале на заедничка прошетка, при што си разменувале бакнежи.

Да потсетиме, филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг за помалку од три недели достигна рекордна заработувачка од 1,03 милијарди долари.

Гервиг со ова стана единствената режисерка која самостојно режирала филм кој надмина заработувачка од милијарда долари.

Фото: Phillip Faraone / Getty images / Profimedia

 

Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот