Кои документи ви се потребни ако патувате со куче?

Фото: Пекселс/ Cup of Couple

Сопствениците на животни кои сакаат да ги однесат своите миленици на одмор надвор од државата, треба да обезбедат пасоши.

Но, тоа не е сѐ. Покрај пасошот, потребни се и некои други сертификати и потврди, а сѐ зависи од дестинацијата на која патувате.

„Имаме три ситуации. Најлесна е ситуацијата за земјите од регионот, а тоа се Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, кои не се членки на Европската Унија. За пет минути е готово. Сѐ што ви треба е вакцина против беснило, чип и пасош. Но, ако патувате во земјите на ЕУ, потребен ви е и сертификат“, објаснува ветеринарот Ѓорѓе Ѓокиќ, пренесува „Б92“.

Доколку патувате во земји од третиот свет, консултирајте се со амбасадите.

Ако патувате со домашни миленици грижете се за топлината. Избегнувајте да излегувате со нив во најтоплиот дел од денот, од 12 до 16 часот.

„За време на патувањето често правете паузи, а ако вашиот миленик повраќа додека се вози, треба да имате средства против тоа“, истакнува Ѓорѓе Ѓокиќ.

Ветеринарот советува да носите и мала патничка аптека за кучиња која ќе ја користите доколку е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот