Книгата „Насекаде“ од Епископ Дремвитски Давид (Нинов) ќе има промоција во КИЦ-Скопје

Насловна корица на книгата на Епископ Дремвитски Давид (Нинов)

Во Културно-информативниот центар – Скопје на 19 септември 2024 година, со почеток во 19:19 часот, во „Салон 19:19“ ќе се одржи промоција на книгата „Насекаде“ од Епископ Дремвитски Давид (Нинов) во издание на „Макавеј“. Книгата ќе ја промовираат Јанинка Невчева и Игор Радев.

Епископ Дремвитски Давид (Нинов) е роден на 27 јули 1972 год., во Скопје. Пред заминувањето во манастир бил уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и работел во редакцијата за култура на националната телевизија.

Објавил четири книги поезија; добитник е на наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска поетска книга и застапуван е, на повеќе јазици, во повеќе антологии поезија. Од манастирот покренува издавачка дејност и ја уредува периодиката „Успение“.

Завршил средно културолошко училиште во Скопје и студирал старогрчка и латинска филологија на Институтот за класични студии при скопскиот универзитет. Дипломирал теологија на Теолошкиот факултет при државниот Аристотелов универзитет во Солун, Грција. Магистрирал (MTheol) на истиот факултет при Аристотеловиот универзитет, на Одделот за догматика, историја на философија и икуменска теологија.

Ги објавил книгите: „Логиум“ (обраќања на неделни и празнични евангелски теми), „Кон познанието (белешки од догматиката)“, „Човекот поет“ (збирка на преводи), „Секој крај, нов почеток“ (статии и колумни), „Времетворење“ (колумни), „Надвор од границите (размислувања за личноста и системот)“ и „Уметност и откровение“. Учествувал на меѓународни симпозиуми и конференции. Преведува богословски текстови од грчки јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот