Книга со ликовни осврти на Виолета Калиќ беше промовирана во Виена

Книгата ја промовираше Н.Е. Освит Росоклија, амбасадор на РСМ во Виена

Во Амбасадата на Р Северна Македонија во Виена, Австрија, на 19 септември беше промовирана книгата „Осврти – Рефлексии, илуминации и реминисценции“ од авторката Виолета Калиќ.

Книгата ја промовираше Н.Е. Освит Росоклија, амбасадор на РСМ во Виена, во присуство на претставници од дипломатскиот кор, амбасадори, екселенции, од Мировната мисија на ОБСЕ, претставници од дијаспората, од различни институции и институти во Виена, од здружението и студиото на архитектите, од сферата на дигиталната технологија и љубители на уметноста.

Промоцијата на книгата беше проследена со мултикултурна изложба на која се претставени над 60 уметници од Р Северна Македонија и од странство. Изложбата е поставена во салоните на Амбасадата на Р Северна Македонија.

Книгата на историчарката на уметност Виолета Калиќ на 300 страници содржи дел од нејзините многубројни осврти настанати во изминатите преку три децении дејствување во сферата на визуелните уметности.

Виолета Калиќ, како куратор, промотор и ликовен критичар, е автор на бројни осврти и предговори во каталозите на многубројни самостојни и групни изложби, на ликовни колонии, мултимедијални хепенинзи и перформанси. Во изминатите три децении активно дејствување во сферата на визуелните уметности, успева да обедини разни генерации уметници од земјава и од надвор, преку разнородни тематски и изразни проекти.

Во книгата во повеќе разни поглавја се застапени и преку 150 колор фотографии на ликовни дела на уметниците-учесници во разни проекти. Дел од освртите на Виолета Калиќ се објавувани и во превод на повеќе јазици во бројни каталози по повод изложбите кои ги промовирала во земјата и во странство.

Реализацијата на проектот за промоција на книгата и изложбата е поддржана од Амбасадата на Р Северна Македонија во Виена, од Мисијата на ОБСЕ, Министерството за надворешни работи на Р Северна Македонија, како и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Помеѓу уметниците-учесници на изложбата се Љубе Алексовски, Андријана Андреева, Решат Амети, Сашо Ацковски, Драган Биков, Љупчо Бојаров, м-р Борјана Божиновска Ѓоргиевска, м-р Сашо Блажески, м-р Влахо Бранѓолица, Гордана Винчиќ, Ивона Велковска, м-р Мирко Вујисиќ, м-р Жаклина Глигориевска Кочоска, Стефан Димовски, Горјан Ѓоргиев, Зулејха Али Зубери, м-р Ана Ивановска, м-р Јана Јакимовска, м-р Зоран Јакимовски, м-р Стефан Јакимовски, м-р Петра Јовановска, Гордана Квајо (Р Хрватска), м-р Маја Кировска, Билгаиб Кочишта Биге, Џулијан Кроу (ОК / Велика Британија), Росица Лазеска, Игор Љубовчевски Љубац, д-р Јана Манева Чупоска, м-р Маријана Марионцу Симовска, Мирослав Масин, м-р Наташа Милованчев, м-р Шќипе Мехмети, Дубравко Наумов (Канада), Верина Николова (Франција), Маја Николовска, м-р Евгениј Пантев, м-р Ирена Паскали (Германија), м-р Наталија Пулејкова Радеска, м-р Жанета Радевска Спировска, м-р Весна Радишиќ Ацковска, Моника Радхоф Трол (Германија), д-р Александар Рашковиќ, д-р Маја Рауник Кирков, м-р Александра Ристовска Петрушевска, м-р Марија Светиева, Марија Смилевска, д-р Дита Старова Ќерими, Ангелца Стоиљковиќ, м-р Маја Танева, м-р Славица Танеска, Александар Таневски, м-р Емилија и д-р Стојче Тоциновски, д-р Игор Поп Трајков, Аннели ди Франсоа (Финска), м-р Дарко Христов, академик проф д-р Фехим Хусковиќ, м-р Тони Шулајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот