„Ќе станам граѓанин на Хрватска“: Сергеј Трифуновиќ доби условна затворска казна во траење од 60 дена

Сергеј Трифуновиќ во претставата „Воз“ / Фото: Фејсбук/Театар „Ѕвездара“

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера беше приведен на граничниот премин Бајаково, откако се обидел да влезе во Хрватска. Тој денеска пристигна на рочиштето на кое му беше изречена затворска казна во траење од 60 дена, која нема да се изврши доколку во рок од една година не го стори истото дело, објави „Слободна Далмација“.

Во изјава за „Слободна Далмација“, Трифуновиќ рече дека ќе стане хрватски државјанин бидејќи неговата сопруга Исидора Мијановиќ е со потекло од Риека.

Исто така, актерот мора да плати и судски трошоци во износ од 150 евра, а се откажа од правото на жалба. Оваа пресуда е конечна.

Според хрватските медиуми, кои го фотографираа пред Судот за прекршоци, Трифуновиќ бил придружуван од неговата сопруга. Да потсетиме, таа вчера се огласи на социјалните мрежи.

„Мојот сопруг беше приведен на граничниот премин Бајаково, откако му истече забраната за влез на територијата на ЕУ, без никакво образложение, со големи непријатности на кои бев сведок, вклучително и физички напад на граничните полицајци. Повеќе од девет часа немам информации за тоа каде се наоѓа, ниту причината за приведувањето“, изјави тогаш таа на социјалните мрежи.

Актерот пристигна и со своето куче, кое го доведе во неволја минатата година. Имено, тој го шетал кучето без поводник на плажата Каштелет во Сплит, а беше уапсен откако ги навредуваше полицајците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот