Ќе се снима биографски филм за Џенис Џоплин: Актерката Шејлин Вудли ќе ја глуми култната пејачка

Шајлин Вудли, Џенис Џоплин / Фото: EPA / Profimedia

Американската актерка Шејлин Вудли, позната по улогите во серијата „Мали лаги“ и филмовите „Диви мориња“, „Ферари“, „Лудиот лов“, во новиот проект ќе ја портретира американската рок легенда Џенис Џоплин, пренесува „Вараети“.

Иако засега не е познато како ќе се вика биографскиот филм и кој ќе глуми покрај Вудли во него, „Вараети“ наведува дека дел од финансирањето на филмот ќе го обезбеди Калифорниската филмска комисија, која ќе обезбеди 2,5 милиони долари за продукцијата. Годинава од комисијата издвоија милиони долари за покривање на одреден дел од трошоците на десетици проекти, вкупно 39,6 милиони долари за 18 филмови.

„Вараети“ додава дека со години имало обиди да се сними биографски филм за пејачката легенда, но секој пат безуспешно. Инаку, Вудли ќе има повеќе улоги во проектот. Покрај тоа што ќе ја отелотвори музичката ѕвезда, таа ќе ја има и улогата на продуцент.

Се вели дека според планот, снимањето би требало да трае 30 дена, со потенцијални трошоци од околу десет милиони долари. Актерката ја даде изјавата откако беше откриено дека ќе глуми во филмот.

„Калифорнија имаше посебно значење за Џенис Џоплин. Од скалите на Сан Франциско до дрвените ѕидови на Сансет Саунд, оваа држава стана сцена на која таа го истражуваше не само светот на музиката, туку и светот на нејзината живописна човечност“, изјавила актерката.

Засега не е познато кога треба да започне снимањето, како и информации за премиерата во кината или на некој сервис за стриминг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот