Ќе се реконструираат три улици во населба Лисиче

Фото : Општина Аеродром

Во наредниот период реконструкција и санација ќе се врши и на други улици на територијата на цела Општина Аеродром

Општина Аеродром најави реконструкција на три улици во населба Лисиче. Станува збор за улиците Мите Богоевски, Црноризец Храбар и Илија Димовски.

– Општина Аеродром во наредниот период ќе започне со реконструкција на три приоритетни улици во населба Лисиче. Улица Мите Богоевски со должина од 1245 метри и улиците Црноризец Храбар и Илија Димовски со вкупна должина од 1 000 метри. Реконструкцијата ќе опфати целосна замена на асфалтот на коловозот на улиците, кои се широки по шест метри, како и на тротоарите од каде што дотраениот и оштетен асфалт ќе се замени со бекатон-плочки и други павер-елементи – велат од Општина Аеродром.
Според надлежните од оваа скопска општина, со реконструкцијата на овие улици се очекува значително да се подобри инфраструктурата во населба Лисиче.
– Во наредниот период реконструкција и санација ќе се врши и на други улици на територијата на цела Општина Аеродром – ветуваат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот