„Ќе се расипеше…“: Германски полицаец останал без работа откако украл сирење од превртен камион

Фото: Profimedia

Германски полицаец украл околу 180 килограми чедар од контејнер на превртен камион по сообраќајна несреќа и поради тоа останал без работа.

Вишиот управен суд во германската покраина Рајнланд-Пфалц ја одбил жалбата на полицаецот, што значи дека првостепената пресуда останува во сила, пишува „Шпигел“.

Во судската пресуда е наведено дека осудениот полицаец бил припадник на сообраќајната полиција, кој бил задолжен да го обезбедува местото на несреќата.

Тој со полициско возило се упатил до оштетениот камионски контејнер, а таму побарал од работникот на фирмата за расчистување на патот по несреќата да му предаде неколку пакувања сирење.

„Украл вкупно девет пакувања сирење, од кои секое тежело по 20 килограми, во вредност од околу 555 евра. Пријавениот дел од пакувањата ги донел во полициска станица, а може да се претпостави дека неколку зачувал за себе, за пријателите и за роднини“, се наведува во судското соопштение.

Полицаецот изјавил дека сирењето од камионот не вреди речиси ништо и дека „сакал да го спаси од уништување“, но судот зазеде став дека човекот извршил кривично дело кражба додека бил на должност.

„Со ваквото однесување обвинетиот нанел голема штета на угледот на германската полиција“, пресуди судот, додавајќи дека вредноста на сирењето не е важна, со оглед дека должност на полицаецот е да спречи кражба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот