Ќе се асфалтираат улици во Пинтија, „заборавени“ повеќе од 30 години

Фото: Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со реконструкција на улици во Пинтија, кои, како што тврди градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, биле заборавени повеќе од три децении

Во периодот што е пред нас ќе работиме на улиците Саса 12 со сите нејзини краци и на сите краци на улицата Јабланица. Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5000 квадратни метри – вели градоначалникот.

Тој повторно вети дека патната инфраструктура низ целата општина ќе биде обновена до крајот на неговиот мандат, со што ќе се овозможат подобри услови за одвивање на сообраќајот и ќе се унапреди квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот