Ќе продолжиме да убедуваме за уставни измени со одложено дејство, вели Пренџов

Уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот Устав, со одложено дејство откако Македонија ќе стане членка на ЕУ, е предлогот со кој македонската дипломатија веќе подолго време разговара со партнерите од ЕУ. Овој предлог на македонската Влада за уставните измени со одложено дејство беше презентиран и на неодамнешните средби на македонската делегација со челниците на Европската Унија во Брисел.

„Одговорот (од ЕУ) сега е не, но ние ќе продолжиме да убедуваме и паралелно многу напорно ќе работиме на правење економска благосостојба на граѓаните, функционални институции, правна држава и соодветен образовен систем“, рече пратеникот Љупчо Пренџов во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ за барањето на новата Влада за уставни измени со одложено дејство.

„Беше разговарано за предлогот на нашата влада за носење на уставните измени со одложено дејство, за што, морам да бидам искрен, не дека има некоја голема надеж од страна на институциите во Брисел дека таков предлог би поминал, меѓутоа не се отфрла ан блок. Има одредена доза оптимизам кој ние ќе треба да го конкретизираме. Мислам дека Владата има добра основа кога вели дека логиката во уставните измени треба да е слична со онаа што е направена кога влеговме во НАТО по промената на името. Односно дека во фазите на промената на Уставот треба да има уште еден дополнителен амандман што ќе гласи дека содржината ќе се материјализира, ќе влезе во сила, откако Бугарија ќе го ратификува договорот за приклучување на земјава кон Европската Унија“, рече вчера министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот