„Ќе преземеме мерки за брз одговор“, Русија се закани и го предупреди НАТО

Архива на СП

Русија издаде предупредување дека нејзините сили ќе преземат „мерки за брз одговор“ со цел да се спречат потенцијалните инциденти во воздушниот простор поради се почестото појавување на американски дронови над Црно Море.

„Таквите летови во голема мера ја зголемуваат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со авионите на руските Воздушно-вселенски сили, што го зголемува ризикот од директен конфликт помеѓу Алијансата и Руската Федерација. За тоа одговорни ќе бидат земјите од НАТО, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така, руското МО ги обвинува САД дека ги користат дроновите за извидување и размена на разузнавачки податоци со Украина.

„Интензивираните летови на американските дронови над Црно Море укажуваат на се поголемата вклученост на САД и земјите-членки на НАТО во судирот во Украина, на страната на Киев, се посочува во соопштението на руското МО.

Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов му наредил на Генералштабот да преземе мерки против американските дронови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот